Кике Сетјен има големи проблеми во Браселона, речиси цел негов тим е на продажба, недопирливи се самоМеси и Де Јонг, сите останати се на трансфер листа.

Тренерот на Барселона доби нова задача од клубот, да ги убедува играчите да прифатат да го напуштат клубот, ова го тврди Марка.

Сетјен има обврска прво да го убеди Ракитиќ да ја прифати размената на играчи и да оди во Јувентус.

Ракитиќ засега одбива да го напушти клубот, има договор со Барселона до 2021 година и јасно посочи дека сака да го одработи договорот во целост, ова значеше дека трансферот на Пјаниниќ во Барселона пропадна.

Слично е и со Видал, тој засега нема голема желба да ја напушти Барселона, Сетјен има задача да ги ги убеди во спротивното, но досега тоа не донесе успех.

Желбата на Барселона е преку продажбата на дел од своите играчи да стигне до капитал за Нејмар или Лаутаро Мартинез кои се топ приоритет во преодниот рок, но за тоа треба да обезбедат милиони евра и тоа троцифрена бројка.