Севиља доведе ново засилување за наредната сезона, а на левата бековска позиција ќе бидат засилени со Серхио Регуилон, кој доаѓа на позајмица од Реал Мадрид.
22-годишниот Регуилон не се наигра баш во „кралскиот“ клуб минатата сезона, а летово беше член на младинската репрезентација на Шпанија која го освои златото на Европското првенство.
Играњето во Севиља за Регуилон ќе биде прво посериозно искуство, а со тоа и ќе добие шанса да се наметне кај Зидан.
Реал Мадрид веќе го објави овој трансфер на својата официјална веб страница.
Be the first to write a comment.