Севилја е решена да се ослободи од Жорис Гањон кој од Рен дојде во клубот во 2018 година, причината е што тој има прекумерна тежина, и не е на нивото да биде играч од Ла Лига.

Гањон има 24 години, не се наметна во тимот, а според медиумите од Шпанија тој е пред отказ, не е физички подготвен, има вишок на килограми, и дефинитивно ќе замине од Севилја.

Французинот не е на списокот за настап во првенството на Шпанија, па логично е дека ќе замине.