Во Нион денеска беше одржана ждрепката за осминафиналните натрпевари од Лигата на Европа, а најголемо внимание се очекува да привлечат дуелите меѓу Севиља и Рома и Интер и Хефафе.

Најтрофејната екипа во ова натпреварување шпанска Севиља во првиот меч ќе ја дочека Рома, која важи за еден од фаворитите од сенка во ова натрпеварување.

Првиот фаворит за титулата Манчестер Јунајтед ќе се соочи со дебитантот Ласк, дуел во кој избраниците на Оле Гунар Солскјер се апсолутни фаворити.

Преостанатите парови ги сочинуваат Башакшехир-Копенхаген, Олимпијакос, Вулверхемтон, Ренџерс-Баер Леверкузен, Волфсбург-Шахтјор и победникот од вечерашниот дуел меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Салзбург ќе игра против Базел.