Џердан Шакири е пред заминување од „Енфилд“ откако на последниот состанок со Јирген Клоп постави услов, или повеќе минути во првиот тим или трансфер.

Репрезентативецот на Швајцарија, оваа сезона одигра само четири натпревари за Ливерпул и ова е главната причина поради која сака да си замине.

Неофицијално за Шаќири има интерес од Тотенхем и Арсенал а не е исклучена можноста во трката да се приклучи и Евертон.

Шаќири во Ливерпул пристигна од Стоук во 2018 година а предходно ги бранеше боите на Интер, Баерн Минхен и на Базел.