Германскиот фудбалски сојуз го казни Шалке со парична казна од 50000 евра, по настаните од осминафиналето на Купот на Германија.

На средбата со Херта, навивачите на Шалке постојано го вреѓаа централниот дефанзивец на клубот од Берлин, Џордан Торунарига. Тие извикуваа расистички пароли и имитираа крици на мајмуни.

Во четврт-финалето на Купот, Шалке ќе се сретне со Баерн.