Пред две сезони ја освоија Лигата на шампионите, минатата година станаа шампиони на Англија, а оваа можеби ќе останат без топ 4.

Ливерпул ја игра најтурбулентната сезона во ерата на Јирген Клоп и моментално стравуваат дури и за пласман во Лигата на шампионите. Според статичките прогнози, Ливерпул има 58 проценти шанси да се најде во топ 4 и да се пласира во Лигата на шампионите.

Угледниот „Атлетик“  се занимаваше и доколку Ливерпул следната сезона остане без Лига на шампиони. Ако тоа се случи, извесно е Ливерпул ќе мора да продава некои играчи и дека тоа значително би влијаело на финансиската состојба на клубот.

Платниот список на Ливерпул годишно е тежок преку 300 милиони евра и покрај пандемијата, играњето пред празни трибини, и на се тоа ако немаат ниту ЛШ, може да биде голем удар за клубот.

Метите како што се Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе дефинитивно би биле пропуштени, наводно, тука има список на некои поевтини алтернативи, но за приказните за засилување се уште е рано. Најпрво Ливерпул треба да ја преброди кризата и да врзе неколку победи.

Моментално Ливерпул шести на табелата, со 43 бода, само два помалку од четвртиот Вест Хем и еден помалку од Челзи. Второпласираниот Манчестер Јунајтер бега 7 бода, Лестер шест, ткаа што трката ќе биде пеколна до крај.

Малку кој очекува Ливерпул да не е во првите четири, а на рака им оди распоредот до крајот на сезоната. Поголемиот дел од натпреварите се против тимови во долниот дел на табелата- Фулам, Вуверхемтоп, Астон Вила, Лидс, Њукасл, Саутемптон, ВБА, Барнли и Кристал Палас, но имаат и три дерби меча, со Челзи на Енфилд, а на гостински терен против Арсенал и Манчестер Јунајтед.