Тимот на Верона, синоќа му го нанесе третиот пораз сезонава на лидерот и актулниот шампион, Јувентус.

Верона направи пресврт во интервал од само 10.минути и го шокираше италјанскиот великан. Кристијано Роналдо синоќа беше стрелец по 10-ти пат последовно за Јувентус, но тоа се покажа како недоволно за победа.

Поразот страшно го изнервира Португалецот, а тоа го потврди и голманот Војчеш Шчесни.

Роналдо беше лут затоа што ги пропуштивме трите бода, беше многу лут. Постигнува гол на секој натпревар, прави се за тимот да победи, но ние овој пат не бевме во можност да го сториме тоа“-изјави полскиот голман.