Војчих Шчесни поради одличните партии се „закова“ меѓу стативите на Јувентус, а притоа доби нов договор до 2024 година.сака да „освои сè“ со Јувентус, откако беше награден со нов договор до 2024 година.

Полскиот интернационалец во интервју за офцијалната страна на Јуве ги образложи очекувањата во иднина со тимот на „Старата дама“.

„Јас сум воодушевен што го обновив договорот со Јуве до 2024 година. Во последните години, се жртвував многу за да станам голман достоен за носење на историскиот дрес бр.1 на овој голем клуб. Подготвен да одам уште подалеку и да напишам историја со тимот на Јувентус. Секој натпревар давам се од себе и се надевам дека тоа ќе се испплати. Сакам да освојам се со овој клуб“ -изјави Полјакот.

Јувентус веќе утре го очекува тежок меч против вечниот ривал Милан во рамки на првиот натревар од Копа Италија.