Шест гола на шест натпревари во македонската прва лига. На три натпревари водат домаќините, на три резултато е 0:0

Во Тетово Вардар губи со 2:0 од Ренова, а да биде уште полошо има и црвен картон, кој го доби Величковиќ. Головите за Ренова ги постигна Шефити во 21 минута и Селмани од пенал во 27-та минута.

Борец води 2:1 против Беласица. Резултатот го отвори Баша во 4-тата минута, израмни Митревски во 17-тата минута, а за 2:1 за велешани стрелаше Афдили во 45-тата минута.

Водство од 1:0 против Македонија Ѓорче Петров има Академија Пандев. Стрелец на единствениот гол беше Радески во 11-тата минута.

Без голови се натпреварите Работнички- Шкендија, Силекс- Шкупи и Струга Трим Лум- Пелистер.