Легендата на Милан, сега тренер на Џенова, Андриј Шевченко пред утрешниот натпревар против неговиот поранешен тим во Серија А уверува дека нема простор за премногу емиции, туку напротив подготвен е да направи се што е во негова моќ за да се израдува на позитивен резултат против „Росонерите“.

„Секако дека ќе биде возбудливо, но ќе се обидам да ги блокирам моите емоции. Јас сум професионалец, и им ветувам на навивачите на Џенова дека ќе дадеме се од себе. Во моментов, ќе се обидам да му создадам на Милан потешкотии. Мора да бидеме внимателни, ќе навивам за Милан како и секогаш но не и кога игра со Џенова. Точно е дека Милан доаѓа кај нас по двата порази, но игра добар фудбал. Ако бидеме организирани и пристапиме тимски, можеме да создаваме шанси и да се браниме.“ – изјави Шевченко.

Горан Пандев се очекува да биде дел од почениот тим на Џенова каде ќе недостигаат Кришито, Дестро и Фарес.