Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов гостуваше во ТВ 21 во емисијата Клик Плус, прашан да му се помогне на ФК Вардар изјави дека Град Скопје во моментов нема буџет од 2 милиони евра за помош на клубот.

„Во овој момент Вардар односно сопственикот е должен 2 милиони евра, плати и слично, секој добар совет што ќе значи влез од 2 милиони евра во касата на Вардар јас ќе го прифатам, ако вие имате начин да ми кажете како да му помогнеме на Самсоненко и на Вардар јас ќе прифатам, најдете пари да му помогнеме“ – изјави Шилегов.

Ова значи дека Вардар нема да обезбеди лиценца за настап во Уефа.