ФК Вардар е пред преселба во Втора лига, долгови, очајна финансиска ситуација, криза, се факторите кои го туркаат најтрофејниот клуб кон понизок ранг на натпреварување.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во изјава за „Сител“ потврди дека нема намера да го преземе клубот со долгови, тие изнесуваат 3,5 милиони евра, градот нема намера да финансира приватни долгови.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра. Вложувањето од Катар не е затворено прашање. Сè додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“ – изјави Шилегов.