Атлетико Мадрид без Шиме Врсањко и без Анхел Кореа ќе мора да му се спротистави на Лајциг во четвртфиналето од ЛШ откако двајцата играчи беа позитивни на тестот за коронавирусот.

Хрватскиот репрезентативец, на социјалните мрежи истакна дека е добар и дека очекува се да биде во ред наскоро.

„Сакам да потврдам дека се чувствувам добро и дека немам никакви симптоми. Некои параметри од мојот тест беа малку покачени и поради тоа морам да бидам изолиран од моите соиграчи. Ќе мора да бидам дома неколку дена, без да излегувам надвор, се надевам дека наскоро ќе му се вратам на нормалниот живот.“ – изјави Врсаљко.