Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. откако јапонскиот фудбалер се договори со Селта Виго.

Кагава е играч на Борусија Дортмунд, но откако во првиот дел од минатата сезона одигра само два натпревара, се пресели во Бешикташ.

Како позајмен играч во турскиот тим постигна четири гола на 14 натпревари.

Кагава ќе биде позајмен играч во Селта по што по оваа сезона клубот од Виго ќе има право да го откупи неговиот договор. Јапонецот има договор со Борусија до јуни 2020 година.