Репрезентативците на Македонија во одлична атмосфера го очекуваат дуелот со Австрија во недела на престојното ЕУРО , па освен стандардните тренинзи , подготовки денес имаа и прес конференција на која во главна улога беа голманите на репрезентацијата. Столе Димитриевски изјави дека нема никаков притисок , веруваме во успех и победа а неговиот соиграч и конкурент за голманската позиција Дамјан Шишковски го дели истото мислење и став околу очекувањата од ЕУРО шампионатот.

 

„Одработивме одлични подготовки, атмосферата во репрезентација е на едно високо ниво, сите со нетрпение го очекуваме почетокот на првенството и првиот дуел со Австрија.

Настапот на Европското за У21 не ми прави никаков притисок , и искрено за мене секој натпревар е нов , и за секој се подготвувам максимално , тоа што имам настап на ЕУРО за младинците не ми прави никаква разлика во однос на овој меч.

Научивме многу од претходните два натпревари со овој противник. Австријците главно негуваат Германски стил на игра , очекувано ако се земе фактот дека речиси сите репрезентативци доаѓаат од Бундеслигата. Сите фудбалери се максимално мотивирани, ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Ќе биде тежок натпревар, една грешка може да го одлучи овој меч. Ќе се обидеме да докажеме и покажеме дека сме подобар тим“, истакна Шишковски

Натпреварот в недела (13 јуни) ќе се игра на „Национална арена Букурешт“ со почеток во 18 часот, и искрено сите веруваме во позитивен резутат за нашата селекција.