Голманот Дамјан Шишковски и фудбалскиот клуб Работнички се договорија на  нова едногодишна соработка.

Според него Шишковски повторно ќе застане на голот на романтичарите.

24-годишникот минатата сезона ги бранеше боите на Лахти и Ропс.

Новиот тренер на тимот од Дебар Маало, Александар Влахо, ќе го има на располагање веднаш по настапите на Ропс во квалификациите за Лигата на Европа.

Скоро цела своја кариера Шишковски ја помина во Работнички. Истата ја започна во 2010 година, а по четири години замина во Беглија, во редовите на Гент. Потоа се врати„дома“ и се задржа три години, за минатата година да ја помине во Финска.