Некогаш беше дерби за титулата, сега големите ривали се среќаваат во Тетово, тензија има, но фаворитската улога и тоа апсолутна, е на страната на Шкендија, гостува младиот тим на Вардар.

Шкендија во октомври минатата година го победи Вардар во Скопје со 5-1, сега тетовчани се фаворити за нов триумф, екипата од Скопје има многу проблеми, млад тим, кој реално е во тешка позиција пред ова гостување.

Вардар последен пат ја победи Шкендија во Тетово на натпревар од Купот на Македонија со 1-0, тоа се случи на 19 април 2017 година, во оваа година го победи тетовскиот тим во Скопје со 4-2, натпревар од ПМФЛ, од тогаш до денес, нема триумф.