Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија брка негатива од 2:0 против Рига во реваншот од 2 квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Предводникот на првакот на Македонија, Ѓока побара напаѓачите да почнат да си ја вршат својата работа.

„Нашата желба е пласман во следното коло. Ако сме реални, не играме лошо но никако да ни проработи нападот. Ако успееме да ја подобриме реализацијата ќе можеме да славиме против Рига.“– изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими уверува дека негативата од 2:0 е достижна но за тоа мора да проработи нападот.

„Време е да почнеме да даваме голови. Знам дека можеме да славиме над Рига. На првиот меч загубивме поради наши грешки. Ако бидеме посконцентрирани во нападот, резултатот ќе биде поразличен.“– изјави Ибраими.

Натпреварот Шкендија – Рига е закажан за вечерниот термин од 20 часот.