„Романтичарите“ од 13 часот ја пречекуваат Шкендија со една цел, да ја прекинат серијата лоши резултати против актуелниот првак кој на последните осум соочувања со тимот од Дебар Маало  победуваше а на првото овосезонско соочување во Тетово победи со 3:0.

Работнички по трите врзани порази, во минатото коло ремизираше на гостувањето кај Академија Пандев со 1:1. Шкендија во Скопје доаѓа по победата над Борец од 4:0.

Со евентуална победа, Шкендија ќе се искачи на третото место на табелата во ПМФЛ додека Работнички со три бода ќе дојде на минус еден од Ренова и Борец кои се на деветото и на осмото место.