Македонскиот фудбалски првак, Шкендија ги дозна можните противници за првото коло од кквалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА.

Шкендија е меѓу носителите но и покрај ова во првиот европски предизвик ова лето наидува на сериозна противничка моќ. Во игра се романски Клуж, Судова од Литванија, унгарски Ференцварош, ерменски Арарат и Номе Калју од Естонија. Доколку Шкендија го добие Ференсварош за противник тоа ќе значи дека во ќе се соочи со екипата каде настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски.

Ждребувањето е закажано за утре со почеток од 14:30 во Нион, Швајцарија. Првите натпревари од вовеното квалификациско коло во ЛШ ќе се играат на 9 и 10 јули а реваншите се закажани за седум дена подоцна.