Македонскиот фудбалски шампион Шкендија во првото квалификациско коло во ЛШ се среќава со Номе Калју од Естонија.

Познати се веќе и официјалните термини на двата натпревари. Првиот се игра во Естонија и тоа во Талин на стадионот „Кадриорг“, на 9 јули со почеток во 18 часот.

Реваншот е закажан седум дена подоцна на 16 јули на Арената во Скопје, со почеток од 17:00 часот.