Големото дерби меѓу Шкендија и Вардар треба да го одбележи вториот натпреварувачки ден од 20 коло во ПМФЛ.

Вардарци кои во воведното пролетно коло ремизираа со Пелистер, посакуваат уште еден позитивен резултат, овојпат против лидерот на табелата и најголемиот конкурент за титулата.

Македонија ЃП го дочекува Борец со амбиција за прва победа оваа пролет, додека Шкупи е домаќин на Академија Пандев на теренот на ФФМ.

На останатие два натпревари, Струга ТЛ ќе истрча кај Беласица а Пелистер ќе ја дочека Ренова.

Вчера Работнички и Силекс на „Тодор Проески“ ремизираа 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore