Ќатип Османи не е повеќе шеф на стручниот штаб на Фк Шкендија. Македонскиот фудбалски првак реши да го отпушти стратегот по низата слаби резултати а пресуден беше поразот во Велес од Борец од 1:0.

Специјалната комисија назначена од сопственикот Лазим Дестани по серија проверки и следење на целокупната слика во клубот, одлучи да предложи раскин на соработката со Османи.

„Шкендија објавува раскин на соработката Анализирајќи ги актуелните позиции на клубот и негативните резултаи, менаџментот одлучи да го отпушти Ќатип Османи.“ – стои во дел од соопштението на ФК Шкендија.

Привремено функцијата на Османи во Шкендија ќе ја врши Ерхан Селими. Шкендија по 4 кило во ПМФЛ е на последното место со еден освоен бод.