Денеска се одигра и последниот натпревар од шестото коло во ПМФЛ, без голови (0:0) ремизираа екипите на Шкендија и Шкупи.

Поради големата трагедија и тридневната жалост, големото фудбалско дерби беше одложено за денеска, но иако истото донесе возбудувања пред двата гола, сепак заврши без постигнат погодок.

Голгетерите потфрлија во обидите да ги совладаат Захов и Наумовски, со тоа што гостинскиот голман имаше многу повеќе работа и беше клучен за бодот кој го освои гостинот од Скопје.

Шкендија имаше повеќе од играта и теренска иницијатива, но актуелниот шампион не успеа да го скрши отпорот и на крајот двата тима се задоволија со поделба на бодовите.

За играчите на тренерот Бруно Акраповиќ ова е веќе четврто реми сезонава за моментно седмо место на табелата со седум бодови.

Од друга страна, клубот од Чаир го одржува чекорот со водечките во генералниот пласман, составот на Гоце Седлоски е на третата позиција со 11 бодови, зад Академија Пандев (13) и Струга Трим Лум (11).