Шкендија утре го пречекува Номе Калју од Естонија, реванш меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион има победа на гостувањето во Естонија од 1-0, тоа им гарантира на тетовчани прогрес во второто квалфикациско коло во ЛШ, опуштање нема , од таборот на Шкендија најавија дека сакаат и втора победа.
„Ги анализиравме нашите грешки од првиот натпревар. Оптимист сум и верувам во пласман во следното коло. Резултатот од првиот меч е добар, максимално сериозно го сфаќаме и реванш натпреварот, сериозни измени во составот ќе нема и ќе биде речиси ист како оној во Талин. Утре ќе играме на победа. Резултатот не дозволува тактизирање“ – изјави Османи.
Арменд Алими повикува на внимателност, резултатот од првиот натпревар е добар но мора да се заврши комплетно работата.
„Има уште 90 минути. Треба да одиграме како на првиот натпревар и повторно да победиме. Ни недостасуваше реализација на првата средба, и очекувам утре да биде подобро. Првите мечеви се секогаш тешки за играње, формата ќе се подобрува и ние ќе бидеме подобри и поефикасни“ – изјави Алими.
Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Номе Калју се игра утре со почеток од 17 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Be the first to write a comment.