Македонскиот шампион Шкендија, поладневно на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе го одигра реваншот со Номе Калју, п опрвата средба тетовчани имаат предност од 1-0 стекната во Талин.

Иако имаат голема предност тимот од Тетово внимателно влегува во овој реванш дуел од кој сакаат втора победа, нема да има опуштање, изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

„Ги анализиравме нашите грешки од првиот натпревар. Оптимист сум и верувам во пласман во следното коло. Резултатот од првиот меч е добар, максимално сериозно го сфаќаме  и реванш натпреварот, сериозни измени во  составот ќе нема и ќе биде речиси ист како оној во Талин. Утре ќе играме  на победа. Резултатот не дозволува тактизирање“ –  изјави  Османи.

Средбата меѓу Шкендија  и Номе Калју се игра од 17 часот.