Денеска во Нион ќе биде извршена ждрепка за паровите од 3 коло во Европа лигата, Силекс, Шкендија и Ренова ги чекаат евентуалните противници доколку го минат второто коло.

Силекс доколку биде поуспешен од Дрита, може да го добие Селтик како најатрактивно име.

Шкендија може да добие џек пот, еден од можните противници е Тотенхем на Жозе Мурињо доколку клубот од Англија го мине Локо Пловдив.

Ренова може да се сретне со Галатасарај ако биде поуспешна од Хајдук во втората рунда.