Екипата на Шкендија остана без услугите на Валон Ахмеди кој денеска беше презентиран во екупата на Шахтјор Солигорск.

Албанскиот интернационалец кој има и два настапи на репрезентацијата на Албанија по една година мината во Тетово реши да ја прифати понудата од Белорусија.

Ахмеди во Шкендија пристигна ов Интер Запрешиќ а во минатото играше и за Крјат Шмона, Марибор, Цеље и Судтирол.