Шкендија вечерва го пречекува Тотенхем предводен од Жозе Мурињо во обид невозможното да го направи возможно и да стигне на чекор до историски пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Во пресрет на пресметката со гигантот од Лондон, во таборот на Шкендија влеадее оптимизам дека можат до големо изненадување вечерва на арената „Тодор Проески“.

„Ние нема да влеземе во мечот со бело знаме. Во фудбалот се случуваат чуда, мора да веруваме во тоа“, порача пред мечот капитенот на тетовскиот прволигаш Егзон Бејтулаи.

Експедицијата на Тотенхем вчера попладне пристигна во Скопје и ќе истрча на арената без ниту еден тренинг, директно од нивната база во хотелот „Хилтон“..