Македонскиот фудбалски шампион Шкендија од Тетово доживеа пораз во вториот пријателски меч на подготовките во Словенија каде загуби од чешкиот тим Злин со минимални 0-1 (0-1).

Злин успеа да поведе уште во 13. минута од мечот, кога по една нафрлена топка од корнер, највисок во скокот во казнениот простор беше Павел Вихнал.

Тренерот Ќатип Османи на овој меч го изведе следниот состав: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими, Радески, Тотре, Нафиу, А. Ибраими. Во вториот дел добија шанса и другите фудбалери.

Во првиот пријателски натпревар  да подсетиме Шкендија со 1-0 ја победи Олимпија Љубљана.

Следниот меч за „црвено-црните“ од Тетово ќе биде на 27 јуни, кога противник ќе има биде словачката Жилина.