Македонскиот фудбалски шампион Шкендија загуби на последниот натпревар во рамките на подготовките кои тетовчани ги одработуваат во Словенија.

Шкендија загуби од Зорја Луганск со 3-0 полувреме 1-0 во кој тимот на Ќатип Османи го запиша третиот пораз на четирите одиграни подготвителни меча.

Тренерот Ќатип Османи на стартот им даде шанса на следните фудбалери: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Хусмани, Алими, А. Ибраими, Тотре, Радески, Б. Ибраими.

Ова беше последна проверка за нашиот шампион пред двомечот со естонски Номе Каљу во квалификациите за Лигата на шампионите.