Шкендија е аутсајдер против Тотенхем вечерва во Скопје, македонскиот престставник во Европа лигата се надева на чудо, Тотенхем внимателно му пристапува на натпреварот, се игра една средба.

Ернест Ѓока изјави дека во клубот сите се свесни дека Тотенхем е голем фаворит, но чуда во фудбалот се случуваат.

„Шкендија е подготвена, ние ќе го дадеме максимум,  дали тоа ќе биде доволно ќе видиме. Јасно ни е каква е разликата меѓу двата клуба, ќе пробаме да бидеме дисциплинирани во играта,изненадувања се случуваат“, изјави Ѓока.

Дека нема лесен натпревар потврди и Муруњо, менаџерот на Тотенхем знае дека пристапот на средбата мора да биде сериозен, иако неговиот тим ја има апсолутната фаворитска улога.

„Знаеме каква е одгвороноста за нас на овој меч, сериозно влеговме и во Бугарија, но не бевме многу успешни, можеше да има несреќен епилог, имавме искуство од таму кое ќе помогне на оваа средба, еден натпревар е незгодна работа“ – изјави Мурињо.

Натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем се игра од 20 часот на арената „Тодор Проески“ со пренос на МТВ.