Шкендија два месеци пред зимскиот преоден рок го договори првото зимско засилување. Станува збор за поранешниот фудбалер на Ворскла, Ардин Далку.

Овој фудбалер три недели тренера со Шкендија, а одигра и еден контролен натпревар. Далку се очекува да ја засили Шкендија и да и помогне да се врати во игра за шампионскатата титула, откако по 11 кола имаат 10 поени заостануање за Вардар и Академија Пандев.

Далку во Ворскла беше од 2012 година каде што прво настапуваше за младинскиот погон. Од 2016 година беше член на првиот тим и настапи на 60 натпревари. Со Ворскла имаше договор до јуни оваа година, а во Шкендија доаѓа како слободен играч. Право за настап ќе има во пролетниот дел од сезоната.