Актиелниот шампион, Шкендија ја декласираше Македонија Ѓ.П. со 4-1, во меч на Имери беше херој за тетовчани со два погодоци.

На пауза се замина со водство на домаќините од 1-0, а во вториот дел гостите преку Јашаровски израмнија. Тоа како да ги налути домаќините и со брзи три погодоци стигнаа до 10.сезонска победа и ја намалија предноста во однос на Вардар на осум бода.

Во дуелот меѓу Шкупи и Ренова беа видени два црвени картони за домаќините и дури пет погодоци, а победата замина на контото на гостите со 2-3.

Домаќините поведоа со голот на Жоржињо во 25.минута, но до крајот на првото полувреме гостите направија целосен пресврт. Во второто полувреме Кадриу со својот втор гол ја потврди победата за „гипсарите“, а во финишот домаќините успеаа само да го ублажат поразот.

На последниот меч од денешната програма Академија Пандев на го искористи домашниот терен и со Борец одигра без голови.