Албанскиот фудбалски стратег, Ернес Ѓока најверојатно ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Шкендија.

Управата на актуелниот фудбалски првак на Македонија веќе ја испратила првата понуда до Ѓока кој деновиве треба да пристигне во Тетово за да ги заврши преговорите. Ѓока има работено како прв тренер на Кукс, Камза, Фљамунтари и на Влазнија.

Доколку ја прифати понудата од Шкендија ќе биде трениот тренер во оваа сезона на тимот од Тетово по Ќатим Османи кој сега е во Шкупи и неговиот наследник, Еркан Селими кој не се прослави во дербито со Вардар овој викенд.