УЕФА потроши милиони евра во кампањата за искоренување на расизмот за време на спортските натпревари, со желба тоа да го искорени и како појава кај навивачите.

Ова за Шкотска е тотална глупост, барем откако најавија дека немаат намера да клекнат во знак за поддршка кон сите жртви од расизам.

„Важно е да продолжиме да го решаваме прашањето на расизмот и да разговараме за потребата од промена на размислувањето и однесувањето на луѓето.“- изјави Шкотскиот капитен Ендру Робертсон.

Шкотска е во групата Ц со Англија, чии фудбалери ќе продолжат да клекнуваат во знак на поддршка за движењето „Животите на црномурестите се важни“.