Централниот стопер на Интер, Милан Шкрињар јавно проговори по однос на шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Италија ова лето.

„Има најразлични гласини, и секогаш ќе ги има. Без разлика на се, јас никога не ги слушам или пак ги коментирам често. Нема да има разлики во следната сезона, уживам тука, сакам да ја завршам оваа сезона на високо ниво и да се подготвувам за ЕП. Секако дека ќе бидам тука во обидот да ја одраниме титулата во Серија А со Интер.“ – изјави Шкрињар.

Словакот оваа сезона одигра 30 натпревари во Серија А и е еден од најдобрите стопери во најсилната фудбалска лига во Италија.