Денеска во просториите на Македонската куќа на фудбалот беше одржана ждрепката за четврфиналните парови од Купот на Македонија.

Таа сакаше во дерби мечот од оваа фаза да се сретнат Шкупи и Академија Пандев, а првиот меч ќе се игра во Скопје. Покрај овој дуел внимание ќе привлече и двомечот меѓу Шкендија и Работнички, иако „дебармалци“ сезонава се соочуваат со огромни проблеми. Преостанатите две четвртфинални двојки ги сочинуваат Брегалница – Лабуништа и Струга Трим Љум -Ренова.

Првите пресметки се играат на 4.декември, додека реваншите се закажани на 4.март следната година.