Празничното 31 коло во Првата македонска фудбалска лига носи неколку клучни натпревари по однос на битката за излез во Европа, но и за опстанок во елитата.

На теренот на ФФМ, Шкупи е домаќин на Македонија ЃП, дуел на двата тима кои имаат сличен план, но гостинот е под притисок да го задржи третото место.

Струга ТЛ која се надева на место во квалификациите за Лига Европа денеска гостува кај новиот првак Шкендија.

Во сенка на овие две пресметки е и градското дерби меѓу Вардар и Работнички, за црвено-црните ова е уште една битна битка во трката за опстанок.