Екипата на Шкупи успеа да слави во дербито на колото против екипата на Академија Пандев со 1-3 и повторно се искачи на лидерската позиција во ПМФЛ.

Екипата на Шкупи навистина се намачи за да дојде до победата против Академија Пандев па и по негативата од 1-0 успеаа да го свртат мечот во своја полза , за воља на вистината благодарение на два пенали досудени од Ставрев.

Шкупи моментно е првопласиран на табелата со 17 бода, исто толку има и Ренова, додека Академија Пандев е четвртопласирана со три бода заостанување зад водечките.