Ремито во Ерменија од 3:3 му ја носи фаворитската улога на Шкупи пред денешниот реванш со Пјуник на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Екипата од Чаир посакува победа и пласман во следното коло од квалификациите за ЛЕ иако и реми 0:0, 1:1 или 2:2 му одговара на македонскиот прволигаш.

Умит Каран ги предупреди неговите играчи дека противникот ги потценил но дека тоа нема два пати да го направи.

Влезот на мечот Шкупи – Пјуник е бесплатен а стартот е закажан за вечерниот теремин од 20:30 часот.