Македонскиот првак во футсал, екипата на Шкупи ќе игра со шампионот на Ирска,  Блу Меџик Даблин во квалификациите за ЛШ.

Шкупи ќе биде домаќин на оваа средба во периодот од  24-29 номеври, победникот од овој натпревар ќе се пласира меѓу  32-те најдобри екипи во Европа во ова натпреварување на УЕФА.

Инаку ждрепката беше неколку пати одложувана, конечно денеска Шкупи го дозна својот противник.