Екипата на Шкупи , денеска официјално го престави Марјан Радески како ново засилување за „чаирчани“.

Радески доаѓа од екипата на Академија Пандев и со тимот од Чаир потпиша договор на две години.

„Шкупи изминатите години континуирано атакуваше на шампионската титула и за секој играч е задоволство да биде дел од таков амбициозен клуб Дојдов тука за да им помогнам на соиграчите заедно да се бориме за првото место. Знам дека навивачите ќе бидат нашиот 12. играч и верувам дека на крајот од новата сезона заедно ќе се радуваме“, изјави 26-годишниот Радески

Раководството на Шкупи соопшти дека Радески ќе биде во комбинација за настап во тимот веќе в четврток кога македонскиот вицешампион го очекува реваншот против Санта Клара во рамки на 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.