Шкупи и Ќатип Османи се разделија по пет месеци соработка, клубот од Чаир на својот веб сајт потврди дека ја прекинале соработката.

По вчерашниот пораз од Ренова, раководството на Шкупи реши да ја прекине соработката со Ќатип Османи, на негово место привремено решение ќе биде Муарем Бајрами, објави клубот.

Шкупи во моментов е на шестата позиција на табелата со 25 бода, на последните две средби запиша два порази.