Првиот конкурент на Шкендија во трката за првото место Шкупи попладнево на Чаир го пречекува Силекс во потрага по трета последователна победа во ПМФЛ.

Шкупи влегува во дуелот предводн од најдобриот стрелец во ПМФЛ Дембо Дарбо, а одбраната на чаирчани е без примен гол во последните 180 минути по победите над Борец (3-0) и Академија Пандев (1-0) .

Мечот на Чаир е премиерен од 10. коло во ПМФЛ, кое ќе биде комплетирано в недела со натпреварите   Беласица – Борец, Македонија ЃП – Академија Пандев, Пелистер – Струга Трим, Вардар – Ренова и дербито во Тетово помеѓу лидерот Шкендија и Работнички.