Шкупи неколку дена пред почетокот на новата сезона во ПМФЛ се засили со Дембо Дарбое од Гамбија  кој беше во фаза на тестирање и ги исполнил очекувањата на раководството на клубот.

Договорот е на две години со можност да се продолжи уште една доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

„Среќен сум што сум дел од Шкупи, ова е ново искуство за мене  и сакам да му помогнам на клубот да дојде до добри резултати“- изјави Дарбое.

Шкупи во првото коло в сабота се среќава со Борец.