Поразот на Шкупи од Струга ТЛ во 7 коло во ПМФЛ значеше крај за Мухарем Бајрами на клупата на прволигашот од Чаир.

Шкупи одлично го започна шампионатот, но запиша порази од Вардар и Струга и клубот се реши да му врачи отказ на Бајрами.

Во ПМФЛ, екипата на Шкупи по 7 рунда се наоѓа на втората позиција со 13 бода, има четири помалку од лидерот Шкендија.