Македонскиот прволигаш Шкупи продолжи со засилувањата во пресрет на квалификациите за Лига Европа и домашниот шампионат, откако денеска го официјализираше трансферот на еден од најталентираните турски фудбалери Фират Гуљу.

19-годишниот офанзивен играч за врска, висок само 1.69 метри, доаѓа од турскиот гигант Галатасарај, и ги има минато сите младински селекции на Турција, а моментно е член на репрезентацијата до 19 години.

За Шкупи ова е второ големо засилувања во само два дена,откако вчера клубот од Чаир го официјализираше трансферот на костариканецот Фреди Алварез.