Македонскиот прволигаш, Шкупи потврди дека најефикасниот играч во првиот дел од сезоната во ПМФЛ, Дембо Дарбое го комлетирал трансферот во белоруски Шахтјор Солигорск.

Дембо играше за Шкупи од август 2019 година а во оваа сезона за тимот од Чаир постигна 16 голови во ПМФЛ и уште два во Купот на Македонија.

„Ви благодарам на сите за поддршката што ми ја дадовте од првиот ден кога пристигна во Чаир. Му посакувам на Шкупи се најдобро во иднина и се надевам дека оваа сезона ќе ја освојат шампионската титула.“ – вели Дембо.